Еден од најпознатите хитови на Тоше Проевски крие голема тајна за човек кој убил и пател поради љубов!

Тоше Проевски
Еден од најпознатите хитови на Тоше Проевски крие голема тајна за човек кој убил и пател поради љубов!

Тоше Проевски трагично загина на 16 Октомври 2007 година. Позади Тоше останаа бројни песни, а многу од нив станаа и хитови. Сепак една од најпопуларните песни која стои позади неговото име е “Соба за тага”. Текстот на песната всушност го напишал еден затвореник кој поради неговата несреќна љубов завршил во затвор.

Имено, стиховите од кои се издвојува “Моја си замка, паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам” ги напишал маж кој одслужувал затворска казна поради убиство, тој го убил љубовникот на својата девојка.

Текстот стигнал до менаџерот на Тоше, а познатиот пејач го отпеал. Останатото е историја која не прекина и по неговата смрт бидејќи тој продолжи да живее во нашите сеќавања.