
Долготрајното влијание врз физичката и менталната добросостојба кое се јавува како резултат на секојдневните конфликти меѓу партнерите е конечно откриено и објавено во списанието Personal Relationships.
Досегашните истражувања се фокусирале на моменталните ефекти на конфликтот меѓу партнерите во контролирана ситуација, односно во лаборатории. Во едно од првите истражувања каде што биле разгледани долготрајните последици, професорката Ангела Хикс ги анализираше физиолошките и емоционалните промени кај партнерите во денот после конфликтот, а особено обрнуваше внимание на различните видови на емоционално приврзување меѓу партнерите.
„Ние сакаме да ја разбереме поврзаноста меѓу љубовните врски и долготрајната емоционална и физичка добросостојба," – вели Хикс. „Нашите податоци даваат добра претстава за тоа како дневните интерперсонални комуникации влијаат врз понатамошното расположение и физиологија на врската."
Во истражувањето на Хикс беа вклучени 39 испитаници кај кои беа анализирани реакциите при конфликт (преку водење дневник) и промените со спиењето – притоа, биле давани изјави на почетокот на денот за влијанието на конфликтот врз расположението како и за активноста на кортизолот. Пред да започне тестирањето, беа проценети стиловите на емоционално приврзување според тоа колку биле напнати во самата врска и до која мера тие одбивале емоционално приврзување.

Истражувањето покажа дека сите испитаници имале проблеми со спиењето после конфликтот, потврдувајќи ја паметната мисла дека "не е добро да легнуваш со лутина." Но, најмногу проблеми со спиењето имале оние кои се чувствувале напнато во сопствената врска. Оние пак кои целосно одбивале емоционално приврзување и немале некои проблеми со спиењето.
Конфликтот влијаел и врз расположението наредниот ден. Сепак, кај некои испитаници, негативното влијание навистина имало големо влијание.
Истражувачите открија дека постои општа врска меѓу конфликтот и активноста на кортизолот наредниот ден. Нивните податоци покажаа дека дека оваа врска особено е потенцирана кај жените кои се чувствувале многу напнати во врската, и нивото на кортизол кај нив било особено високо.
Резултатите од истражувањето имаат значајно влијание врз самото разбирање за тоа како рутинските конфликти во врската можат да влијаат врз емоционалното и физичкото здравје со текот на времето. „Уште од порано знаеме дека луѓето во стабилни и среќни бракови имаат целокупно подобро здравје отколку оние кои имаат конфликтни врски." – вели Хикс. „Исто така, можеме да заклучиме дека поединците кои се во несигурни врски се повеќе подложни на долготрајни последици од секојдневните конфликти отколку оние во нормални врски."
Извор: Психа