
Pillow Talk е проект наменет да ги спои разделените партнери. Секој од нив има перница и сензорски прстен кој се носи во текот на ноќта.
Сензорот безжично е поврзан со перницата на партнерот, и кога едниот од нив ќе си легне, перницата на другиот започнува благо да свети со што го покажува присуството на партнерот. Кога ќе се стави главата на перницата, се слушаат отчукувањата на срцето на партнерот. Резултатот е интимна интеракција помеѓу заљубените, без разлика на далечината која ги одвојува.