Првиот секс влијае врз менување на мозокот

Prv Seks

Губењето на невиноста навистина може да биде клучен фактор за промена во животот. Сексуалниот однос е поврзан со менување на мозочната структура, барем кај мажите.


Јапонските истражувачи испитувајќи ги малите „шилци" кои се јавуваат меѓу мозочните ќелии на глувците, откриле дека тие се многу поприсутни кај оние кои не се пареле во споредба со оние кои повеќепати се пареле. Докажано е дека овие „шилци" се смалуваат со текот на времето и потполно исчезнуваат. Истражувањето треба да помогне при пронаоѓање лек кој ќе го зголеми растот на „шилците", што би довело до зголемување на либидото.

Научникот Суарт Тобет вели дека истражувањето дава увид во тоа како промената во структурата на „шилците" придонесува за откривање на сексуалното однесување на глувците. Истото би можело да се забележи и кај поголемите цицачи, вклучувајќи ги и луѓето. Кога глувците ќе ја извршеле својата задача „шилците" се намалувале или исчезнувале. „Шилците" кои имаат микроскопски големини, можат да влијаат врз првото сексуално искуство на мажите. Одамна е познато дека неколку регии од мозокот, поврзани со сексуалното однесување, се различни кај мажите и кај жените. Истото важи и за животните.
Prvseks1
За да дознаат дали регијата на мозокот, која кај мажите е поголема, е изменета поради сексот, научниците од Универзитетот Saitama ги споредиле мозоците на машките глувци кои никогаш не се пареле со мозоците на глувците кои тоа го направиле повеќе пати. Откриено е дека бројот на мозочните „шилци" кај глувците кои не се пареле е значително поголем.

Научникот Цукхара изјави дека до намалување на бројот на „шилците" доаѓа поради бројни фактори, вклучувајќи ги и хормонските промени предизвикани од присуство на женка. Тој вели дека шилците можат да послужат за проучување на начинот на парење.

Американските научниците докажале дека животните на кои им се давани поголеми дози на сексуален хормон имаат поголем број „шилци" во своите мозоци. На женките на кои им е даван лек кој го спречува создавањето на „шилците" во мозокот, биле помалку заинтересирани за парењето.

Во иднина би можело да биде создаден лек кој го зголемува растот на „шилците" и тоа без промена на нивото на хормонот.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија велат дека тоа може да влијае врз зголемување на сексуалните желби.

 

Извор: Психа


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport