Три причини зошто уште сте сама

Uste Sama

Дознајте што е тоа во вас самите поради што постојано доживувате љубовни неуспеси и дали ќе ја најдете љубовата на вашиот живот или ќе завршите сами.

Ова прашање ги мачи многу жени, затоа треба да знаете дека не сте сами. Ова прашање логично се појавува бидејќи сте поминале години во лоши врски па на крајот сте дошле до точка да сакате да се откажете од љубовта. Доколку го поставите ова прашање во вид на жалење, како на пример " зошто јас.  Со што заслужив?", нема да најдете задоволителен одговор. Но ако се запрашате со отворен ум и дух кои сакаат да ја знаат целата вистина, тоа може да направи разлика помеѓу пронаоѓањето на љубовта на вашиот живот или живот во самотија.

Три можни причиини да се запрашате "зошто сум уште сингл?"

Една или две од тие причини може да се однесуваат на вас, или можеби и сите три. Бидите немилосрдно искрени спрема самите себе кога размислувате за тоа. Можно е да имате некои "слепи точки" кои оневозможуваат да ја видите целосната вистина за вашата ситуација. Ако било која од овие причини ве погоди, но не сте сигурни, обидете се да добиете некои потврдни информации или замолете ги пријателите да ви го кажат нивното мислење, за што побргу да почнете да одите напред.

1. Имате противречни чувства за влегување во интимна врска

Колку и да мислите дека го сакате вашиот партнер, можеби ќе ви биде тешко да ја напуштите вашата конфорна сингл зона во животот. Можеби мислите дека не сте конформист по тоа прашање, но сите сме склони да одиме на тоа што ни е познато, односно да играме на сигурно. Амбивалентноста ќе ве спречи да влезете во емотивен ризик неопходен за доволно да се доближите до личноста, да ја сакате и да бидете сакани. Таа ќе ве држи подалеку од целосно превземање одговорност за пронаоѓање на партнер и ќе создаде секакви лукави начини да ги уништи вашите идни односи. Доколку не и се спротивставите, амбивалентноста ќе ве носи во прегратка на недостапни мажи, или ќе ве наведува на акција на само-саботажа, како што е на пример претерана конзумација на алкохол на првиот состанок. Поради противречните чувства ќе верувате во сите видови на изговори и рационализација за тоа зошто не сте го пронашле вистинскиот човек и ќе ве држи во состојба на вина, а не превземање на одговорност.

2. Се однесувате како пронаоѓање на партнер да ви е поважно од вашата среќа

Тоа е клише, но вистината е: дека ништо не треба да стои на патот на вашата среќа. Верувајте, ако имате тенденција да бидете негативна жена која секогаш ја гледа чашата полу празна, ништо нема да се промени ни кога ќе го најдете господинот Совршен и ќе се омажите за него. Да, можеби ќе имате неколку месеци чуство на среќа додека сеуште сте во фаза на меден месец. Но наскоро, откако почетната заљубеност ќе почне да избледува и ќе почнете да го гледате вистинското лице на тој човек со сите негови недостатоци, веќе нема да можете ништо да поправите и да го вратите чувството на среќа. Вашиот негативен став ќе се врати и повторно ќе бидете заглавени во вашето чувство на јадеж.

3. Не се цените доволно за да поставите граници

Секој однос во кој влегувате бара одреден вид на ограничувања. Било да е тоа вашиот физер, доктор, мајка, постојат "правила" кои се подразбираат во природата на секој однос. Ако им дозволите на луѓето - посебно на мажите - да ги кршат правилата во кои вие треба да се чувствувате безбедно и сакано, ќе завршите емотивно искористени и полни со незадоволство. Границите, исто како и дисциплината, создаваат слобода. Ако немате стандарди во односите тогаш сте препуштени на милост и немилост на нечиво лошо однесување.

"Зошто сум уште сама?" е добро прашање кое треба да си го поставите на самите себе и не треба да се плашите од одговорите. Соочување со она што ве задржува и кочи е единствен начин да тргнете напред и да ја пронајдете љубовта која ја сакате.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport