
Сите ние веруваме во тоа дека страста во врската со текот на годините се намалува, но тоа не мора а и не смее да биде така...
Па, ако сте заинтересирани за одржување на страста во креветот, обратете внимание на следните работи:
Покажете ги емоциите
За време на врската луѓето често кријат дека се лути, повредени, несреќни. Психолозите се согласни дека конструктивната расправа е една од основите на успешната врска. Ако ги избегнувате вербалните расправии, наскоро ќе станете ладни и огорчени, односно ќе започнете со „невербален" бунт, односно, сте на супер пат страста во вашата врска да ја лансирате на пат до Марс во еден правец.
Внимавајте на зборовите
Внимавајте на брзината на јазикот. Без оглед на тоа колку вашиот партнер ќе ве налути, никогаш не дозволувајте од вашата уста да излезат зборови кои би можеле длабоко да го повредат, бидејќи кажаниот збор не се враќа назад. Личните проблеми и недостатоци на вашиот партнер никогаш не смеете да ги искористите како оружје за да му нанесете жестока болка - така ќе ја изгубите довербата од партнерот, а наскоро и љубовта.
Борете се за љубовта
Дури и ако сте заедно долги години, врската никогаш не треба да ја прифаќате здраво за готово, туку постојано треба да се борите за вниманието и љубовта од својот партнер, што значи дека треба, меѓу другото, да обратите внимание и на вашиот изглед. Опуштањето во врска со грижата за вашиот физички изглед, карактеристично особено во долгогодишните врски, „значи" и престанување / намалување на грижата кон вашиот партнер, што исто така е убиец на страста.
Дозирајте ја љубомората
Малата доза е океј, исто како што е сосема во ред да си ја задржите за себе и да не го оптоварувате партнерот со резултатот на вашите несигурности во прекумерни дози. Преголемата љубомора и недоразбирања ќе ја уништат секоја здрава врска. Постојаните обвиненија и барање „рачки" за кавга се неверојатни седативи за пасионираната раздвиженост во креветот.
Внимавајте на деталите
Грицкањето нокти, гласното шмрчкање кога се јаде супа и фрлањето чорапи насекаде низ станот се некои од навиките кои знаат да го полудат вашиот партнер. Иако ваквите навики можеби ви изгледаат како вистински ситници, не делуваат никако добро кога е во прашање степенот на вашето посакување од страна на партнерот. Па, менувајте ги додека имате време.
Извор: Психа