
Како да се зголеми сексуалното задоволство?
Сексуалното задоволство кај младите луѓе (помеѓу 18 и 26 години) е поврзано со здравиот психолошки и социјален развој, вели едно ново истражување од школата за јавно здравство Џон Хопкинс Блумберг. Истражувањето е прво кое вклучило репрезентативни примероци на хетеросексуалци за да ја открие врската помеѓу развојот на луѓето и самото сексуално задоволство.
Истражувањето анализирало податоци од 3 237 лица на возраст од 18 до 26 години од националното лонгитудинално истражување за здравјето на адолесцентите. „Сексуалното здравје е многу повеќе од отсуството на сексуално пренослива инфекција, непланирана бременост, насилство и други проблеми. Тоа е всушност присуство на сексуална добросостојба," – вели проф. Д-р Адена Галински, коавтор на истражувањето. Галински го водеше истражувањето заедно со проф. Д-р Фреја Соненштајн, професор и директор на центарот за здравје кај адолесцентите.
Истражувањето се фокусирало на врската помеѓу развојните карактеристики – самодовербата, независноста и трите мерки за сексуално задоловство кај младите девојки и момци во нивните врски: колку често доживуваат оргазам, дали уживаат кога им се нуди орален секс и дали уживаат кога даваат орално задоволство. Податоците се следните:
- кај младите девојки, самодовербата и независноста се позитивно поврзани со трите мерки на сексуално задоволство. „Овие развојни карактеристики ги мотивираат младите мажи и жени да доживуваат повисоки нивоа на сексуално задоволство," – вели Галински.
- сексуалното уживање е поврзано само со емпатијата кај младите мажи. „Нашата претпоставка е дека емпатичните индивидуи полесно одговараат на потребите на нивните партнери а со тоа иницираат позитивна повратна реакција," – вели Галински.
- мажите покажувале повисоки нивоа на трите сексуални задоволства. На пример, скоро 9 од 10 изјавиле дека доживуваат оргазам скоро при секој сексуален однос, додека пак тоа не било случај со жените.
Галински додава дека жените потешко се изразуваат кога станува збор за сексот отколку мажите, и затоа сексуалното задоволство ја зголемува нивната самодоверба и чувството на независност. „Развојните карактеристики се многу поважни за жените и нивното сексуално задоволство затоа што тие им помагаат да се пресрамат од сексуалната комуникација и да експериментираат," – вели таа.
Соненштајн додава дека „со цел да се намали ризикот за добивање сексуално пренослива болест и несакана бременост, истражувачите изработиле програма за едукација за сексуалното задоволство."
Извор: Психа