
Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои носат очила од оние кои не носат, покажале резултатите од истражувањата кои ги направила интернет страницата SelectSpecs.com.
Судејќи спрема најновата студија, припадниците на посилниот пол кои носат очила не мораат да се грижат кога станува збор за успехот кај дамите.
Истражувачите на одреден број на жени им покажувале фотографии на петмина момци, со очила и без, а поголемиот број од испитаничките, оние мажи кои носеле помагала за вид ги карактеризирале како поинтелигентни, посигурни, повредни и посексапилни од оние кои не носеле очила.
Оптичарот Тони Расел, кој ја водел студијата, кажал дека се надева во иднина мажите ќе ги носат очилата со гордост.
"Постојат многу предрасуди за носење на очила, но вистината е дека тие многу можат да влијаат на карактерот и да го истакнат најдоброто на вас. Се надеваме дека овие резултати ќе ги охрабрат сите мажи кои носат очила во контакт со жените" изјавил тој.