
Сексот е навистина лек за се. Доколку имате редовен секс, ќе спиете подобро, нема да бидете под стрес, ќе согорите некој вишок на калории, а и ќе се заштитите од настинка и вируси.
Неодамна направената студија покажа дека мажите кои имаат сексуални односи повеќе од два пати неделно, ризикот да доживеат срцев удар е помал. Многубројните истражувања исто така покажаа дека со редовни сексуални односи се зајакнува имунитетот и се намалува стресот. Исто така доколку чувствувате главоболка, тоа не е причина да го одбиете вашиот партнер. Докажано е дека сексот ја намалува болката и го подобрува расположението. Тој е клуч за подолг живот. Во текот на оргазмот телото произведува хормон dehidroepiandrosteron (DHEA) кој го зајакнува имунитетот и одржава здрав изглед на кожата.

Доколку имате проблеми со циркулацијата, не земајте веднаш таблети, имајте поредовен секс.
Воедно сексот е наефтиниот начин за слабеење. За само пола саат се согоруваат 80 калории, а после добро помината ноќ со партнерот/ката ќе се разбудите многу посвежи и порасположени.
Во текот на сексот машкото тело произведува хормон testosteron кој штити од болести на срцето, додека женското тело произведува estrogen, кој исто така штити од срцеви заболувања