На некои изневерувањето им е во гените

Varanje

Научниците го пронашле генот и тврдат дека личноста која го поседува овој ген има поголеми шанси да биде неверна. Овој факт се смета како одличен изговор за оние кои не им се верни на партнерите/ките, но исто така е и вистина дека некои не се во состојба да извршат неверство.

Научниците испитувале 180 момчиња и девојки за нивниот став кон врските и го тестирале нивниот ген, познат како DRD4, кој влијае на нивото на хемикалиите во мозокот. Тие тврдат дека мажите и жените, со одредена варијација на овој ген, доживуваат исто чувство и возбудување кога ке го изневерат партнерот/ката, како кога на коцкарите ке им се промени лошата среќа или како кога алкохоличарот ќе се напие алкохолен пијалок.

Кај една четвртина од луѓето со овој ген можноста за превара е двапати поголема. Кога изневерувале.

"Дознавме дека индивидуите со одредена варијанта на генот DRD4 ги изневеруваат своите партнери, а најчесто тоа е авантура која трае само една ноќ" изјавил научникот Justin Garcia.

мотивацијата за таквото однесување произлегува од системот на задоволства и награди, а сето тоа предизвикува лачење на dopamin.

"Да го изневериш партнерот е голем ризик со кој доаѓа мотивација и голема награда, а сето тоа го осигурува лачењето на dopamin" изјавува Garcia.

Неговите резултати покажуваат дека тие луѓе можат да бидат многу поврзани со партнерот, но на крајот сепак ќе го изневерат. Тие треба да се разликуваат од луѓето кои се само радознали, себични, неодговорни и кои несакаат обврски.

Минатиот месец научниците откриле дека оваа варијанта на генот DRD4 може да направи луѓето да имаат полиберален поглед на светот.

Генетската варијанта прави луѓето да бараат нешто ново и да се подложни на либералните политички ставови. На нив може повеќе да се влијае бидејќи бараат и туѓи мислења.
 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport