
Интернетот е идеален медиум за создавање чувство на заљубеност. Но кога сајбер партнерите ќе се одлучат за да се сретнат во реалниот свет, најчесто многу брзо се разочаруваат.
Интернетот ја олесна комуникацијата, а и оние нејзини облици кои ги сметаме за приватни и интимни. Поради тоа што задоволуваат одредени психолошки потреби на голем број луѓе, виртуелните социјални мрежи, како што е Facebook, доживеаа огромна популарност.Поединецот ја задоволува потребата да биде приметен и прифатен, да биде важен на некои други луѓе, да комуницира и да изгради односи. Иако виртуеленото пријателството не е исто како вистинско пријателство, тоа создава моќна илузија на поврзаност со други, ефективно елиминирајќи го можното чувство на осаменост, пишува "Политика".
Кога луѓето виртуелно се запознаваат и се дружат, се појавуваат и меѓусебни подаѓања и симпатии,а кога луѓето ќе почуствуваат привлечност кон оној кој е на другата страна се појавува желба за да се изгради однос кој може да вклучува емоционална и сексуална компонента.
Да ве потсетиме, заљубеноста се разликува од чувството љубов поради психолошките механизми кои учествуваат. Додека љубовта се однесува на стварноста, заљубеноста се однесува на позитивно искривена слика. Можат да се заљубат само оние кои бараат идеална љубов и тоа во оној момент кога ќе помислат дека го пронашле идеалниот партнер. За да може да го идеализира другиот потребно е да бидат на далечина, а ако имаат остварен близок однос или ако живеат заедно со текот на времето ќе се увери дека таа личност е далеку од идеалниот партнер.

Интернетот е медиум кој ја наметнуваа таа далечина и со своите ограничувања го спречува согледувањето на реалноста и е погоден за идеализирање на другиот. Што помалку информации се има за другата личност, таа личност е помистериозна и полесно се идеализира. Ако другата личност се појавува само текстуално , во главата на оној кој чита се создава претстава за личноста, фантазија за тоа какова е во стварноста. Додека едната страна идеализира, на другата страна се наѓа личноста која сака да му/и се допадне и да биде прифатена. Ограничувањата на интернетот и овозможуваат да се прилагоди на другата личност и да се претставува како нејзин идеален партнер. Откако ќе разменат фотографии, кои секако се внимателно избрани, контролираат како ќе се претстават.
Оваа врска може долго да трае, посебно преку бесплатните видео повици на интернет. Доколку сјабер партнерите се одлучат за средба во реалниот живот, најчесто се разочаруваат.
Од тоа може да се заклучи дека заљубеноста не е првата фаза од љубовта туку е прва фаза на разочарувањето.