
Според едно истражување спроведено во Велика Британија, на жените во бракот побрзо им здосадува отколку на мажите.
Според ова истражување утврдено е дека најсреќни се оние парови каде што и двајцата сопружници се факултетски образовани, немаат деца, двајцата се вработени и заедно се помалку од пет години. После тој "златен" период во врска, почнува да опаѓа задоволството и тоа многу побрзо кај жените отколку кај мажите.
Специјалистите сметаат дека за тоа е одговорен фактот што жените многу повеќе вложуваат во својата врска, со тоа што се грижат за работата низ куќата или се сеќаваат на посебни настани или датуми. После неколку години почнуваат да чувствуваат нетрпение кон партнерот бидејќи сметаат дека тој не вложува доволно во врската.
Истражувањето кое го спроведе институтот за економско и друштвено истражување опфати 40.000 парови во Велика Британија. Утврдено е дека брачните парови се посреќни од оние кои само живеат заедно. Од испитаните брачни парови, 55% од мажите биле среќни и по пет години брак, како и 57% од жените. По 11-тата година од бракот 33% од мажите се среќни, додека тој број кај жените паднал на 26%.
"Жените почнуваат да ја преиспитуваат својата врска по неколку години во брак, кога ќе согледаат дека вложуваат повеќе во врската. Мажите се опуштаат и забораваат дека треба да направат нешто романтично и после толку време" изјави психологот Pem Spur.