
Атинците, а по нив следат граѓаните на Москва. Парижаните се на 38-то место, што изгледа дека во Франција сеуште се користи доброто старо заведување во "живо".
Атина е градот каде што луѓето највеќе флертуваат покажа резултатот од истражувањето на мрежата "Badoo".
Листата од 200 градови на "Светската лига на флерт" е создадена врз основа на бројот на месечни онлајн флертови на корисниците на оваа мрежа, која трврди дека е најголемиот светски сајт за запознавање.
Еден Атинец започнува 25.7 онлајн флертови месечно, што е дупло повеќе од луѓето кои живеат во Рио Де Жанеиро или Прага, а неспоредливо повеќе од оние во Париз, Лондон, Берлин и ЊуЈорк.
На второто место е Москва, додека Рим е на 8, а Париз симболот за романтика е на 38 место.
Меѓу првите десет се наоѓаат и три арапски града - Тунис, Кувајт и Бејрут, два италиански Торино и Бари, како и градовите од Украина и Азербеџан, Киев и Баку. А во првите сто се и Мадрид(31), Лондон(57), Берлин(79), ЊуЈорк(89).