
Дури и кога имаат најдобри намери, мажите понекогаш кажуваат некои работи од кои на жените им се "крева косата на главата" или им се "пали алармот" за започнување на расправија. За да ја избегнете расправијата пробајте да не ги изговорите петте непожелни реченици во вашата врска.
1. "Не ми се допаѓа тоа здолниште" (или било кој друг дел од облеката)
Додека мажот троши 30 секунди за да види што ќе облече, дали е чисто и испеглано, жената може да потроши и по неколку саати размислувајќи за својата модна комбинација. Ако таа облече нешто кое не ви се допаѓа, бидете тактичен и кажете и дека ја обожавате во некоја друга облека.
2. "Таа е секси" или "Ајде да пробаме во тројка!"
Ако не размислувате и кажете вакво нешто, партнерката сигурно ќе ги помисли "Јас не сум му доволна". За да разберете како се чувствува, замислете си ја обратната ситуација и ќе сфатите каква глупост сте кажале. Ако сакате да се избегне ваква ситуација и ако вашата партнерка ве праша дали некоја нејзина пријателка е секси, одговорете потврдно, но секогаш истакнете дека само нејзе ја сакате.
3. "Јас не те заслужувам" или "Заслужуваш подобар од мене"
Дури и да е точно, зборувајќи и дека е над ваша лига можете да ја убедите во тоа што и го кажувате. Таа можеби веќе чувствува дека може да има подобар дечко од вас, меѓутоа во вас вледа нешто што неможе да го препознае кај другите мажи - можеби вашиот хумор, шарм или вашата способност да ја направите среќна. Не ги истакнувајте вашите проблеми или недостатокот на самодоверба бидејќи ако и дадете причина можно е навистина да ја искористи за да ве напушти.
4. "Имаш ли ПМС"
Доколку приметите дека не е расположена, никогаш не и го поставувајте ова прашање. Наместо да потенцирате причини и со самото тоа да предизвикате расправија, пробајте да остварите комуникација и да ја натерате да зборува за своите проблеми
5. "Дали заврши?" или "Дали беше добро?"
Доколку и двајцата уживате во сексот, нејзините воздишки кажуваат многу повеќе од зборовите и затоа никогаш не го поставувајте ова прашање.