
Музиката може да биде одличен начин за опуштање меѓу чаршафите, и секс-терапевтите се согласуваат дека одредени мелодии можат поволно да влијаат за релаксација и создавање на секси расположение. Поттикнат од овие размислувања холивудскиот ди-џеј Мишел Пеши составил плејлиста со најдобрите песни за водење љубов. Ние ви го презентираме неговиот избор од топ 10 песни, а доколку не сте задоволни од неговиот избор, време е да составите сопствена секси плејлиста.
1. King of Leon - Sex on Fire
Насловот на оваа песна кажува се, бидејќи станува збор за мелодија исполнета со енергија и вас и вашиот парнер/ка ќе ве натера да стапите во акција веднаш после првите неколку такти.
2.Usher - Love in This Club
Оваа песна е добар избор доколку сте во кола и се враќате дома и додека стигнете двајцата ќе бидете расположени за долго галење.
3. AAliyah - One in a Million
Ако сте за некоја романтична верзија, r`n`b е секогаш најдобриот начин да ја зголемите температурата како во собата така и меѓу вас и вашиот/та партнер/ка.
4. Marvin Gaye - Sexual Feeling
Marvin Gaye е одличен рецепт за ретро атмосфера и права игра на заведување.
5. Next - Too Close
За сите оние кои се нервозни инстант решение е музика која е спора и сензуална како и Next во оваа песна. На вашиот партнер сигурно ќе му се допадне овој избор кој има јасна порака.
6. Justin Timberlake - What Goes Around Comes Around
Ориенталните звуци во комбинација со гласот на Џастин, како и стиховите во кои се спомнува страста, измамата, лагата и предавството се најдобар избор за помирување после расправија.
7.Dave Matthews Band - Crash Into Me
Малку потсетување не е лошо, а оваа песна сигурно ќе ве потсети на вашата прва љубов и на средношколските денови. Сеќавањето на еден вистински невин период од вашиот живот ќе пробуди нежност и желба на некој сосема да му припаднете.
8. Mary J. Blige
За што и да пее Мери не е важно бидејќи ритамот е идеален за малку еротски танц, исполнет со бакнежи, пред да преминете во конкретна акција.
9. Fiona Apple - Criminal
Има нешто многу арогантно во начинот на кој пејачката пее. Оваа песна може да ви помогне да ги остварите своите најлуди фантазии.
10. Chris Isaak - Wicked Game
Оваа песна е чиста класика и успева секој пат. Невозножно е да ја слушате песната, а низ главата да не ви шета помислата како вие и вашиот/та партнер/ка водите љубов на песок, исто како и пеачот со Helena Kristijansen во спотот.
Погледнете го спотот кој е наш избор за романтична вечер