
Една од најголемите пречки за уживање во сексуалниот живот, после заморот, не е недостатокот на желба, туку недостатокот на самодоверба. Дури 52% од жените одбиваат да водат љубов бидејќи се чувствуваат многу дебели. Овие резултати се добиени од анкетата "Sex in the Nation" спроведена во Велика Британија.
Сепак, најголемиот виновник за незаинтересираноста за сексот е заморот, кој ги мачи 72% од 4000 испитаници, потоа доаѓа срамот од дебелината кај 52%, чувстворо на непривлечност кај 34%, болеста кај 33%, а на крај следи стресот кај 32% од испитаниците.
"Либидото е комбинација од физички и психички фактори - се разликува од жена до жена и може да се манифестира на различни начини. Паровите најчесто мораат да пронајдат начин да ја разбудат својата интимност" изјавува сексологот Catherine Hood.
"Доколку, на пример, на жената и сметаат масните наслаги околу стомакот, тоа може да се реши со некоја облека која и дозволува да изгледа секси, а истовремено ќе и ги намали и причините за несигурноста" истакнува Hood.