Женски комплекси v.s машки комплекси

Business Man And Wom
 
8 фактори што ја одземаат самодовербата на половите...

ЖЕНСКИ - ВИШОК КИЛОГРАМИ 
Совршените супермодели од медиумите си го направија своето... Жените не стравуваат од неуспех во кариерата или бракот, колку што стравуваат од тоа да не се здебелеат.

МАШКИ - МАЛ ПЕНИС
Најголемиот машки комплекс е поврзан со големината на половиот орган. Иако жените на глас велат дека големината не го прави сексот поквалитетен, тоа не ги премисли мажите да размислуваат за продолжување на гениталиите.

ЖЕНСКИ - ЦЕЛУЛИТ
Може да зборуваме за најпосакуваната и најпаметната жена на светот, но таа никогаш нема да биде задоволна од себе, се додека нејзините нозе имаат изглед на кора од портокал. Жените водат децениска војна со ваквиот проблем што ја намалува самодовербата.

Smoot Anti Cellulite
 
МАШКИ - НИЗОК СОЦИЈАЛЕН СТАТУС
Машки еквивалент на целулитот е статусот во општеството. Мажите сакаат да се расфрлаат со пари, да ги разгалуваат жените и да ги внесуваат во клубовите преку ред. Преферираат да се разболат отколку да ја освојат етикетата губитник.

ЖЕНСКИ - СТРАВ ОД ГОДИНИ
Правилото се уште важи, доколку не сакате да навредите жена, не ја прашувајте за години. Годините се одговорни за појава на женската конкуренција во освојување на мажите, па се до добивање на работна позиција.

МАШКИ - СТРАВ ОД ИМПОТЕНЦИЈА
Доколку мажот наиде на проблем во креветот, за него тоа е исто како да го предал целиот машки род. Неможноста да ја задоволи партнерката, она за што е создаден, ја уништува машката самодоверба до крајни граници.

ЖЕНСКИ - НЕУСПЕХ КАЈ МАЖИТЕ
Најчестата причина за женска депресија, незадоволство и пластична операција е отсуството на машки заштитник покрај себе. Често се случува жените што се сингл подолго време, да ги лажат подалечните пријателки дека запознале некој.

МАШКИ - НЕДОСТИГ НА ПАРИ
Мажите сеуште не можат да го прифатат фактот дека жените се во состојба повеќе да заработуваат повеќе од нив, па дури и да ги издржуваат. Мажот отсекогаш бил главата на семејството, оној што е должен да го носи лебот на маса.

ЖЕНСКИ - ФРИГИДНОСТ
Жените немаат храброст да признаат дека имаат проблем во креветот, а кога постои и опцијата да се одглуми оргазмот, тогаш соочувањето со реалноста оди уште потешко. Иако погрешно, жените почнуваат да веруваат дека се болни или недоволно женствени за секс.

МАШКИ - СТРАВ ОД БОЛЕСТИ
Со тоа што им го дала правото да раѓаат, природата ги направила жените поотпорни на болка. За разлика од нив, мажите креваат паника и при обична главоболка и настинка, а средбата со лекар за нив е исто како средба со ѓаволот.

ЖЕНСКИ - ГРИЖА ЗА ТУЃО МИСЛЕЊЕ
Најчесто жените донесуваат одлуки врз основа на јавното мислење. Ниту една жена нема да прифати да работи како готвачка, ако нејзините пријателки се адвокатки, ниту една жена нема да прифати дека има семејни проблеми ако тоа ја направи помалку успешна сопруга од другите.

МАШКИ - СТРАВ ОД ЌЕЛАВОСТ
Ќелавоста стана проблем број еден за машкиот пол. Се повеќе мажи се соочуваат со проблемот со опаѓање на косата, а тоа сериозно ја намалува нивната самодоверба, шармот и сексипилот со кој ги освојуваат жените.

BALDNESSss
 
ЖЕНСКИ - СТРАВ ОД САМОТИЈА
Жените вистинската реализација ја чувствуваат што формираат семејство. Без разлика на желбата за моќ и име, на крајот од денот тие се кревки суштества кои патат за внимание и љубов. Големите градови и празниот стан се нивната најголема фобија.

МАШКИ - СТРАВ ОД СЕБЕОСТВАРУВАЊЕ
Во своите 40-ти години, мажите почнуваат во потрага по својата душа. Додека жените максимално уживаат во својот живот и успеси, мажите без некоја посебна причина стануваат депресивни и сериозно размислуваат колку успеале во намерите.

ЖЕНСКИ - НИСКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Разумот е најголемото оружје со кое жените успеале да ги контролираат немирните мажи. Но, доколку жената се смета себе си за недоволно итра во однос на партнерот, постои ризик таа да се затвори во себе и да се срами да се изјаснува.

МАШКИ - ВИСИНА
Иако низ историјата, мажите со низок раст биле едни од најхрабрите војсководци, во денешно време нискиот маж се смета себе си за недоволно привлечен. Тие веруваат дека се недоволно развиени за да можат заштитнички да се постават.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport