
Верувате ли во пријателство помеѓу мажи и жени? Или пак во она помеѓу две жени? Поради женската природа двете се реткост. Еве да почнеме од првиот необјаснив феномен машко-женско пријателство. Жените сакаат да бидат во машко друштво, а машките сакаат во женско.
Што е проблемот, ќе се прашате? Мотивите на прв поглед им се слични, но ако навлезете во подлабока анализа на ова пријателство ќе приметите дека многу ствари се нелогични.
Ние сме пријатели, али признај дека сепак те привлекувам...
Машкото може да биде пријател со жената само ако му е непривлечна. А жената сака да му биде привлечна на машкото иако и е пријател. Како би сте се осеќале вие да вашиот приател во еден момент под дејство на алкохол ви рече дека нигокаш со вас несака да спие? Ако бидете искрени веројатно повеќе нема да ви биде приајтел.
А ако нежно ви шепне на увце како минатта ноќ си фантазирал секс со вас, ќе се изнервирате и ќе му се изнавикате како воопшто такви "нечисти мисли" му дошле на памет па вие сепак сте само пријатели зар не ?
Сепак да се опростиме од машко-женско пријателство бидејќе најчесто тие завршуваат со љубов.
Жената е жена волк?
Да се вратиме на женските пријателства! Постои една народна мудрост која вели "машките кога ќе се сретнат разговараат, а женските се одмеруваат".
Девојки потсетете се кога во вашето друштво се појави ново девојче се одмеривте од глава до пети? признајте кој признае пола му се простува. Ве интересираше вас се од нејзината фризура до лакот на ноктите. Ако се кажува дека мажите се склони на натпреварување, овде е сосема поинакво.
Пријателки, само ако имам поубава фризура и облека...
Женските се натпреваруваат во тоа која ќе има поубава маица, поубава фризура, посјајна шминка и тн. нажалост ова нема да се промени. Најчесто женските пријателства прекинуваат поради љубомора и караници поради машко.
Кога ќе го разгледаме сето ова ќе увидиме дека жените немаат пријатели. Па затоа совет жени чувајте ги особите кои залутуваат во вашите животи. Бидејќи да имате пријател значи многу. Прифатете дека има поубави и попаметни од вас.