
Никогаш не е лесно да прекинете долга врска, посебно кога партнерот планира да помине уште многу време со вас. Во секој случај треба да прекинете кога ќе сфатите дека вашата врска нема иднина, на тој начин ќе ги скратите и вашите, а и нејзините маки. Што треба да направите за тоа да изгледа што е можно поедноставно!?
1. Разговорот нека биде пристоен - Немојте никако да бидете груби, пробајте да бидете искрени и при тоа пристојни.
2. Изберете го правото место - Важно е да изберете вистинско место за прекинување на врската. Никогаш немојте да прекинете врска преку телефон или на јавно место. Изберете место на кое ќе можете двајцата да си отидете по разговорот. Во случај да живеете заедно, договорете се дека ќе живеете привремено кај некој пријател или некој близок додека не одлучите кој ќе се исели од станот.
3. Погодете го времето - Правото време за прекинување е доста битно за врската. Не го правете тоа за време на празници. Ако е можно пробајте тоа да го направите во средината на неделата, како би можеле мислите да ги насочите кон работата или останатите обврски
4. Детално испланирајте што ќе кажете - Планирајте како поефективно да ја искажете вашата одлука. Пробајте да не плачете, потрудете се да останете смирени во моментот на прекинување.