Почитувајте ги 10-те љубовни заповеди!

Zapovedi

Без оглед на верата, расата, националноста или сексуалното определување, овие 10 заповеди треба да ги почитуваат сите оние кои сакаат нивната љубовна врска да биде долга и квалитетна. Се разбира, овие заповеди треба да бидат почитувани обестрано бидејќи еден неможе да ја одржува врската.

 1. Дај се од себе - Тоа не значи дека треба да го изгубите своето ЈАС и да правите се што ќе посака, туку да се препуштите на партнерот и да имате потполна доверба во него.

2. Почитувај ја индивидуалноста и карактерот на својот партнер - Луѓето се менуваат кога ке стапат во врска, но никогаш немојте да вршите притисок врз својот партнер да се промени толку за да го изгуби својот карактер.

3. Комуницирајте
- Комуникацијата е најважен фактор за квалитетна врска.

4. Прифаќајте промени и подржувајте го партнерот - Како што напоменавме луѓето се менуваат, растат, напредуваат... бидете му поддршка на својот партнер, а не пречка.

5. Живејте ја својата љубов - Не дозволувајте поради секојдневните проблеми да заборавите на вашата врска. Квалитетното поминато време заедно со партнерот може само да ја освежи и зајакне врската.

6. Во добро и во зло - Венчани или не, за секоја квалитетна врска битно е да гo делите и она што ве растажува и она што ве развеселува. Двајцата е полесно да решите проблем, но и поубаво да поделите успех.

7. Слушајте - Понекогаш многу ни значи некој да не' сослуша без да ни даде совет или коментар. Немојте да заборавите да ја возвратите услугата.

8. Слушајте го срцето, но и разумот - Срцето нас не' води во врската со нашиот партнер, но понекогаш е добро да го послушате и разумот. Пронајдете рамнотежа помеѓу едното и другото.

9. Не бидете арогантни и некултурни
- Иако сте имале лош ден и мислите дека партнерот направил нешто против вас, немојте да се испразните на партнерот, туку решете го тоа на разумен начин и после ќе бидете задоволни од себеси.

10. Изразувајте ја љубовта на секаков начин
- Не е доволно само да говорите... "Те Сакам", или само тоа да го покажувате со дела или сексуален однос. Љубовта е потребно да се изразува и со зборови и со дела, емоционално и сексуално, комбинација од се'!

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport