
На интимноста со партнерот влијаат голем број на ситници, од вашиот работен ден до последниот телефонски разговор таа вечер. Ако вашиот шеф ве оставил во мир да си ја завршите вашата работа или последниот разговор бил во опуштен тон со најдобрата пријателка, тогаш во спалната соба ќе се чуствувате опуштено и весело. Но таму никако не треба да ве пречекаат 3 работи!
Телевизор
Убаво е чуството кога прегрнати гледате филм, но самото тоа е последица да не бидете апсолутно посветени еден на друг. Затоа телевизорот поставете го во дневната соба, и гледајте ги филмовите и омилените ТВ серии во добар амбиент зачинет со некој пијалок, а кога ќе дојде време за интимност повлечете се во спалната соба каде што ништо нема да ви го одземе вниманието.
Деца
Вашиот кревет е само ваш и детето тоа мора да го знае. Прифатливо е тоа да понегогаш дојде да се погушка со вас, но многу подоборо е да го научите кога ќе му притреба нежност или приказна за добар сон да ве повика во неговата соба.
Расправија
Нормално е понекогаш да се скарате со вашиот партнер, но не е нормално такви да отидете во кревет. Потрудете се сите тешки прашања, поплаки и несогласувања да ги оставите пред вратата од спалната соба.