Секоја личност која што ќе ја запознаете не треба да ја процените според надворешниот изглед. Дури и момците кои што имаат “невин“ изглед може да имаат подмолни цели. Затоа, пред да му го подарите вашето срце (и да го фрлите клучот), ви приложуваме 3 важни знаци дека тој не е таков каков што изгледа и не треба да му верувате!
ТОЈ Е ПРЕМНОГУ ТАИНСТВЕН
Кога почнувате да се гледате со некого, секако дека нема веднаш да му го раскажете целиот ваш живот, но потребно е да споделите неколку работи кои ќе овозможат да напредува вашата врска. Доколку го исклучува својот лаптоп кога влегувате во соба, или ја напушта собата за да направи телефонски разговор, можно е да крие нешто од вас. Точно е дека не мора се’ да знаете, но тој треба да се чувствува пријатно во ваше присуство додека разговара на телефон.
ТОЈ НЕ ОДГОВАРА НА ОСНОВНИТЕ ПРАШАЊА
Доколку не ви каже со кого имал ручек денес или зошто не се вратил дома минатата ноќ, голема е веројатноста вашето момче нешто да “мати“. Не, него не му е потребна бебиситерка и има свој сопствен живот, но доколку премногу чува работи во себе, размислете два пати пред да му верувате.
ТОЈ НЕ МОЖЕ ЦЕЛОСНО ДА ЈА ЗАПОМНЕ КАЖАНАТА ПРИКАЗНА
Луѓето кои често лажат, не можат целосно да ја запомнат кажаната приказна. Почнете да слушате внимателно. Доколку забележите недоследности (како на пример, дупки во секоја приказна), можно е да се соочувате со некој кој е неспособен да ја каже вистината. Тоа не е добар знак за успешна врска.
На вас останува да одлучите дали ќе му верувате или не :)
Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб