Како да ја обновите романтиката во вашиот живот!

Romantika

Романтиката потполно исчезнала од вашиот живот... Не ја забележувате повеќе ни во филмовите и не верувате дека постои во реалноста. Се наоѓате во долга врска и без разлика дали признавате или не партнерот почнувате да го сфаќате здраво за готово. Иако на почетокот сте ја негувале вашата љубов, почнувате да се чувствувате дека сте изморени.

На вас ви е потребна некоја магија која ќе го промени вашето секојдневие.

1. Совршен ден
Неприметно дознајте како вашиот партнер го замислува совршениот ден. Смислите баш таков ден за вас двајцата. Најмалку еднаш месечно излезете заедно како да сте на состанок и забавувајте се. Кога парнерот ќе се врати од работа, во куќата нека свири вашата песна и спонтано заиграјте, вечерајте со светлина од свеќи или сервирајте доручек во кревет. Наполнете и ја кадата со цветови од ружа и обиколете ја со свеќи. Или уште подобро би било да и ги врзете очите и да ја однесете во нејзиниот омилен ресторан, кино или некое друго место каде што двајцата некогаш сте уживале!

2. Денот на вљубените, годишнина ...
На овие денови однесувајте се како ден на вљубените, а не како на 8-ми март. па девојки, и вашиот партнер сака да ја почувствува убавината на тие денови; дозволете си да си размените поклони, цвеќе, бомбони, љубовни честитки... Џентлмените можат да пратат цвеќе. Тоа е веќе до некој степен старомодно, но сепак дава одлични резултати. Одберете огромен букет цвеќе, кое најмногу го сака, нека биде во нејзината омилена боја, а доколку не сте сигурни побарајте совет од некој. Сакате да напишете љубовно писмо? Не мора да биде долго, поетично, совршено.... доволно е да е со ваши зборови. Ваквите романтични гестови се поефикасни кога се неочекувани - не барајте посебна причина во календарот.

3. Убавината на комуникацијата
Момци, дозволете им на вашите партнерки да ви зборуваат цел ден за нивните скриени желби и слушајте ги внимателно. Девојки, понекогаш допуштете им да го завршат одговорот на вашете прашање, а да наместо тоа не ја довршите реченицата место него, да не го прекинете или да преминете на друга тема. Исто така можете да си поклоните еден на друг, моменти на заедничка потполна тишина. Само седете заедно и молчете. Ќе видите дека ќе се појават старите искри.

Конечно, запомнете дека романтиката не бара посебни припреми, талент или невидени чуда. Лесно е - пробајте.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport