7 нешта кои ќе ја уништат вашата врска

Young Couple Fighting

 
Доколку сакате да избегнете поголема драма во својата врска, држете се подалеку од 7те нешта кои се познати како уништувачи на истата...
 
1. КРИТИКУВАЊЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО
Без разлика на тоа што мислите за семејството на вашиот дечко, тоа што му давате до знаење колку многу тие ве полудуваат, доведува до непоправливост на вашата врска. Иако тој самиот смета дека неговите родители се “нетокму“, никој не сака да слуша како другите го крутикуваат вашето семејство, затоа е најдобро да го задржите “вашиот јазик“ кога неговото семејство е тема на разговор.

2. ШПИУНАЖА
Можеби мислите дека си правите услуга самите на себе со тоа што постојано вршите надзор на неговиот Facebook или Twitter профил. Како и да е, со тоа што ќе бидете свесни за неважните детали за тоа каде е и со кого и неговити мисли и размислувања, се повеќе ги анализирате неговите навики и како тие се поврзани со вашата врска и со самото тоа можете повеќе да ја влошите врската наместо да ја подобрите.

3. КАРАНИЦИ ВО ЈАВНОСТ
Нормално е паровите да имаат повремени расправии, особено доколку се заедно веќе подолго време. Во секој случај, неконтролираните караници кои често избувнуваат помеѓу вас се нешто што се слулува во секоја врска и иако се штетни не треба да се срамите од истите. Меѓутоа треба да најдете начин како да го поправите тоа и да ја доведете врската во ред. 

4. НЕГРИЖА ЗА СВОЈОТ ИЗГЛЕД 
Не само што е лошо за вашето здравје и благосостојба, но негрижата за сопствениот изглед откако ќе започнете врска (без разлика дали тоа значи качување на тежина или негрижа за надворешниот изглед) е една од навиките која му дава лоши знаци на вашиот партнер. Доколку престанете да се грижите за себе, тој ќе помисли дека сте престанале да се грижите и за него.

5. ПРОБУВАТЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ
Многу девојки мислат дека им помагаат на своите момци со тоа што ќе се обидат да ги променат, но со тоа си натрупуваат само повеќе проблеми. Размислувајте за мажите на истиот начин како што размислувате за кучињата: можно е да научат нов трик или два, но ако сметате дека можете да претворите пит-бул во пудлица, со сигурност ќе доживеете многу разочарувања.

6. НАТРУПУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Сите сакаат да мислат дека имаат совршена врска. Но доколку избегнувате да разговарате за проблемите кои ве вознемируваат во врската, си правите не само на себе туку и на вашиот партнер лоша услуга. Добрата комуникација е основа на секоја среќна и долга врска.

7. КАЖУВАТЕ ЛАГИ
Да го лажете вашето момче од било која причина во никој случај не ветува среќна и долга заедничка иднина. Едноставно, не правете го тоа!
 

Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport