Како да го направите сексот позабавен?

Couple Sex Bedroom1

Сексот може да биде добар, лош, чуден, оној кој ќе ви го помати паметот, но најлошиот од сите е досадниот. Доколку имате рутина и го правите во истите денови од неделата, со исто времетраење, во иста позиција со месеци и месеци, време е за промена на работите. Еве неколку предлози како да го направите сексот многу позабавен. 


1. ИСПРОБАЈТЕ НОВИ СЕКС ПОЗИ
Доколку со години ја практикувате најудобната мисионерска поза, пропуштате останати бројни добро документирани секс пози. Не се чувствувајте обврзани кон оние за кои читате во книги или списанија. Едноставно самостојно движете се низ процесот испробувајќи нови позиции и добро запаметете кои пози ве прават да се чувствувате удобно и убаво и ви одговараат и на двајцата. Едноставно вбризгајте нов начин на живот во спалната соба кој ќе ве остава без здив. Дајте им прилика на новите секс – позиции: што имате да изгубите?

2. НЕ ГО ЗЕМАЈТЕ СЕКСОТ ЗДРАВО ЗА ГОТОВО
Сексот треба да биде страствен, интимен, интензивен – и пред се, забавен. Не се грижете премногу за своето тело, дали му се допаѓа нему или дали овој пат ќе доживеете оргазам. Едноставно ослободете ги вашите мисли од сите работи кои ве загрижуваат и препуштете му се на моментот. Смејте се, бидете цврсти и дозволете му на вашиот хумор да исплива на површина. Што понесериозно го сфаќате сексот, толку повеќе ќе се забавувате и ќе уживате во него. И како бонус, сексот е најголем ослободувач од стрес па затоа бидете слободни и иссексајте го стресот надвор од вашиот живот. 

3. БИДЕТЕ АКТЕРИ И ИГРАЈТЕ УЛОГИ
Доколку повеќе нема забава во спалната соба, и доколку сексот повеќе наликува на обврска отколку на задоволство, обидете се да ги промешате нештата со тоа што ќе играте улоги. Вие бидете професорка, а тој нека биде вашиот лош ученик или вие сте мирното и фино девојче од соседната куќа, а тој е успешен спортист во универзитетскиот фудбалски тим. Поентата е да се зближите и да гледате на сексот како нешто што еволуира во зависност од тоа како се чувствувате и од начинот на однесување кој го прикажувате. Иако е чудно на почетокот, играњето улоги е всушност многу забавно. 
 
 

Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport