
Дали постојат зависници од заљубеност и како тоа всушност функционира?
Да не сте можеби од оние кои се заљубуваат секоја втора недела? Ако е тоа така, научниците имаат објаснување за оваа појава. Заљубеноста делува на мозокот исто како и наркотиците од групата на амфетамини (лекови што дејствуваат врз нервниот систем и ја поттикнуваат работата на мускулите, ги отстрануваат сонливоста и чувството на умор и создаваат чувство на свежина и бистрина што ja олеснува работата).
Andreas Bartels и Semir Zeki, научнци од Лондон, откриле дека кај испитаниците се активира центарот за благосостојба во моментите кога гледаат фотографија од саканата особа. Истовремено е намалена активноста во оние делови на мозокот кои поттикнуваат страв, тага и анксиозност. Исто така, намалена е активноста во подрачјата задолжени за критично размислување. Тие велат дека сега е јасно зошто не сме во состојба да ги критикуваме нашите партнери.
Забележани се идентични појави и кај луѓе под дејство на наркотици. Без љубовта, исто така чувствуваме анксиозност, страв, дури и напади на паника.
Научниците велат дека ова чувство поминува релативно брзо, па тоа е причината зошто некои луѓе веднаш започнуваат нова врска, со цел да се чувствуваат заљубено.