7 начини да доживеете сигурен оргазам

Woman Having Orgasm

Ценетиот оргазам: елузивен и магичен. Обилно посакуван, но не и често достигнуван од страна на сите девојки. Толку блиску, а сепак толку далеку. Па што е она што го прави толку тежок за некои да го достигнат? Вистината е поблиску отколку што помислувате: Тоа сте токму вие! Вие сте пречката која стои да не вриснете О МОЈ БОЖЕ на сиот глас додека пловите во страсните води на сексот. Но, препреките кои ви стојат на патот до постигнување на оргазам се многу полесни за погодување отколку што всушност мислите. Тие се: стрес и клиторална конфузија. Шутнете ги долу овие препреки и ќе бидете на правиот пат за да постигнете врвно задоволство одново и одново. 

 

СПРИЈАТЕЛЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ КЛИТОРИС

1.Самозадоволете се
Со сигурност ова сте го чуле милион пати претходно, но доколку не можете самите себеси да се задоволите, како очекувате вашиот партнер да го направи тоа? Тоа е како да барате од некој да лови богатство без да му дадете мапа каде да го бара. Па да, ова значи токму тоа: опуштете се и мастурбирајте. А кога го правите тоа, оргазмот не може едноставно сам по себе да дојде; треба да го идентификувате целиот процес, како сте стигнале од точката А до точката Б и така натаму, како истото тоа би можеле да му го објасните на вашиот партнер.
 
2. Зборувајте
Сега кога ја познавате рутата до богатството, треба да му верувате на партнерот и да му кажете каде се наоѓа златото. Со кратки и едноставни зборови како „горе„, „долу„, „побрзо„, „побавно„, „лево„ итн. Треба да бидете навистина специфични кога се работи за брзината и притисокот со кој тој го прави тоа со што би го стимулирал клиторисот кој всушност ве стимулира вас. Или пак тој дел од работата завршете го сами додека тој е во вас. 
 
3. Second base т.е. втора фаза 
Додека тој се наоѓа „таму долу“, вие можеби ќе уживате во играта со вашите гради. Без разлика со која големина се, токму тие имаат импресивна мрежа на нервни завршетоци кои креираат една разиграна ерогена зона. Поигрувањето со нив може да резултира со излачување на екстра окситоцин односно добропознатиот хормон на љубовта, кој ќе ги зголеми шансите за ваш оргазам.
 
 
 
ОПУШТЕТЕ СЕ!
 
4. Издувајте се
Релаксацијата е клучот. За разлика од мажите кои можат да имаат секс и да доживуваат оргазми секаде, во секое време, на секое место, во секоја состојба, жените се направени поинаку. Доколку не сте опуштени и одморени од стресот кој ви предизвикувал главоболки во текот на целиот ден, шансите за да доживеете оргазам се значително помали. Па токму поради тоа направете листа на нештата кои ве опуштаат – дали се тоа свеќи, топла пенлива купка, длабоко дишење од 1 до 50 и наназад или чаша вино и потоа ветете си дека ќе си обезбедите една од тие релаксирачки зони пред да се обидете да го постигнете посакуваното „О“.
 
5. Креирајте ваша „О“ средина
На сите нам ни треба простор, средина која ни вдахнува доза сензуалност. Експериментирајте со различни типови музика, осветлување, видеа или спотови во позадина, огледала и така натаму. Креирајќи атмосфера која ве пали ќе ве направи да се чувствувате подеднакво опуштено и инспирирано. 
 
6. Тајм-аут
Многу често жената се чувствува виновна, што постигнувањето на оргазам без разлика дали ја стимулира нејзиниот партнер или се самозадоволува, зема „подолго време“. За почеток, запознајте се со фактите: на просечен маж му се потребни 10 минути да сврши, додека кај жените потребни се 15 до 20 минути. Затоа седнете, соблечете се, опуштете се и имајте на ум дека малку ќе треба да почекате.
 
7. Олабавете се
Сексот е природно соединување на две енергии. Доколку се напрегате и интензивно се концентрирате на можноста да доживеете оргазам (или повеќе во низа), вашето тело ќе се бори и всушност ќе почне да произведува помалку природен лубрикант, правејќи ја целта понедостапна. Затоа олабавете се и препуштете му се на моментот, дозволувајќи му на вашиот мозок да го прифати природниот подарок кој го нуди оргазмот. 
 

Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport