
Доколку сте од оние кои често помислуваат дека сексуалниот живот им бил многу подобар „на времето“ и вашето либидо е помало отколку што вие посакувате да биде, тогаш неколку работи мора да доведете во ред. Понекогаш потребни се само мали промени кои со сигурност ќе го подобрат вашиот љубовен живот. Во следната статија се приложени трите наједноставни, но и најефективни начини за тоа како да стигнете до подобар секс.
1. НЕ СИ ПРЕДИЗВИКУВАЈТЕ СТРЕС НАВЕЧЕР
Да ги фрлите парталите од своето тело и да имате секс е навистина тешко доколку во исто време мислите на 15 други работи кои ве прават ужасно нервозни. Доколку навистина сте решени да го подобрите вашиот секс, тогаш со сигурност треба да се спуштите надолу по скалата на стрес. Ова значи, да си дозволите себеси мал одмор по работа. Кога ќе дојдете дома од канцеларија, едноставно исклучете го телефонот и ограничете се од користењето на компјутер. Доколку можете, немојте воопшто да погледнувате во лап топот одредено време. За таа промена, медитирајте или вежбајте јога, кои со сигурност ќе го направат денот поопуштен, а и вашата желба за секс ќе се зголеми.
2. КРАТКО НО СЛАТКО – СЕКС ПРЕД ИЗЛЕГУВАЊЕ
Дали навистина има смисла излегувањето во град, на вечера со која ќе го претрупате желудникот, по која треба да бидете подготвени за соблекување? Големите и тешки оброци може да направат да се чувствувате изморено и се она што е спротивно од клучниот збор во овој случај, CЕКСИ. Наместо да чекате до завршувањето на вечерата за да ја извршите рутината, имајте секс додека се спремате. Не ве обесхрабруваме двојно да уживате по враќањето дома, но да ги испружите нозете со добар ДВД филм откако ќе се вратите е она што повеќето од вас ќе одлучат со сигурност да го направат.
3. ИГРАЈТЕ ЈА ИГРАТА НА ПРАШАЊА
Зборувајте за тоа како сте се чувствувале додека сте имале секс по неговото завршување. Што ви се допаѓаше? Што е она што недостасуваше? Што е она што ви се допадна, па сакате наредниот пат да го по видите и почувствувате повеќе? Целта на оваа игра не е по неа да си отидете чувствувајќи се лошо или неадекватно, туку баш напротив: да ви помогне и на двајцата да уживате во сексот. Практикувајте ја оваа игра барем еднаш месечно за да се осигурате дека и двајцата сте задоволни онака како што замислувате да бидете.
Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб