
Старата мудрост вели дека мажите манипулираат со сите околу нив, а жените манипулираат со мажите. Со помош на следните совети ќе станете вистинска заводничка по која тие ќе полудат. “Кутрите“, нема ни да сфатат што им се случило.
БИДЕТЕ НЕДОПИРЛИВА
Никогаш или многу ретко одговарајте на неговите пораки, повици или мејлови, дури и кога тоа го сакате. Дозволете да поминат неколку денови, па потоа дури одговорете незаинтересирано. Мажите едноставно не умеат да се снајдат во такви ситуации.
ПОФАЛЕТЕ ГО
Мажите обожаваат комплименти. Кога сте со него фалете го и ласкајте му. Во комбинација со недопирливиот пристап нема да има престава што се случува и едноставно ќе полуди по вас.
ПОСТАВЕТЕ МУ УСЛОВИ
Пред да го “пуштите“ во вашиот кревет, поставете му неколку услови кои ги сакате. Дури и кога вие го посакувате немојте да се откажете додека не ја остварите вашата цел/.
ПОЛУДЕТЕ ГО ОД ЉУБОМОРА
Флертувајте и со други мажи. Кога ќе сфати дека во опција имате и други освен него, тој ќе стане најпрекрасниот тип на светот. Спомнете му дека вашата пријателка има најдобар, најзгоден и најбогат пријател на светот и дека токму денес сте налетале на него. Нека се чувствува загрозено.
ПЛАЧЕЊЕ
Мажите посебно се осетливи на солзи. Ако не ви оди како што сте си замислиле, секогаш можете да пуштите по некоја солза. Ви тврдиме дека после тоа се' ќе биде многу полесно.