
Kim Conant, авторка на книгата "Sex Secrets of an American Geisha: How to Attract, Satisfy and Keep Your Man", истражила што е тоа што жените најмногу го посакуваат. Открила дека на врвот се наоѓа желбата за љубов, сродна душа и брак.
Доколку е тоа така, Kim ви пружа неколку совети како тоа да го остварите:
- Бидете искрени и кажете која ви е целта. Правете се' за да ја реализирате. Ако барате љубов, бидете отворени и подготвени за вложување.
- Имате неколку вишок на килограми? Веднаш почнете да работите на себе. Променете ја исхраната и започнете да вежбате. Напуштете ги диетите, направете искрен план и .можете да започнете.
- Бидете сексипилни, но не и вулгарни. Сепак, само со сексот нема да добиете ниту љубов, ниту сродна душа, а најмалку брак. Затоа одредете ја вистинската мерка.
- Активно работете на тоа да најдете добар маж. Никогаш немојте да трчате по нив, бидејќи така ќе делувате очајно. Наместо тоа, привлечете го со вашата женственост или едноставно кажано со вашиот изглед.
- Бидете сигурни во себе и трудете се да се сакате самите себеси. Купете секси долна облека, некое парче гардероба и освежете ја вашата фризура. Изгледајте здраво и среќно и така ќе ги зголемите шансите за успех.
- Никогаш немојте да прифатите било каква врска. Колку и да сте очајни, немојте да го трошите времето на мажи кои не ги посакувате.
Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб