
Невербалната комуникација и говорот на телото се значително важни, веројатно тоа веќе ви е познато. Покрај тоа што овозможува полесно и побрзо да воспоставите успешни пријателски и блиски односи со други луѓе, помоага и полесно да го “прочитате“ вашиот соговорник.
Следат основните толкувања на говорот на телото кои ќе ви помогнат да откриете дали му/и се допаѓате.
ЧЕКОР НАНАЗАД
Доколку се случи тој/таа да се оддалечи од вас кога ќе му/и пријдете, тоа не е добар знак. Физичкиот контакт ја одразува и емотивната блискост.
ЛАЖНА НАСМЕВКА
Насмевката која исчезнува одма штом ќе се појави, не е искрена. Насмевката од срце трае уште неколку секунди откако некој ќе ви се насмее.
ПОГЛЕД НА СТРАНА
Доколку не му/и се допаѓате, тој/таа воглавно ќе гледа на страна, често набљудувајќи други луѓе.
ВКРСТЕНИ РАЦЕ
Вкрстените раце укажуваат на тоа дека личноста се брани од вас. Доколку често ги држи вкрстени рацете и нозете и се труди да се сокрие зад масата, значи дека псотои недостаток на интерес.
ПРИБЛИЖЕНО ТЕЛО
Доколку горниот дел од телото е свртен кон вас и почне да ви се приближува, тоа значи дека сака да се зближите.
НЕРВОЗНИ ДВИЖЕЊА
Тропкање со прстите и цупкање со ногата се знаци на нервоза и стрес. Тоа може да значи дека на личноста или премногу и значите или сака да побегне.
ПОЛОЖБА НА СТАПАЛАТА
Ова е доста лесен начин да откриете дали е заинтересиран/а. Ако стапалата се свртени кон вас, тоа е добар знак.