
Барем еднаш сте почувствувале бодежи во градите, мачно чувство во желудникот, крвави очи и постојана тага - Да, сите ние страдаме од љубовна болка...
Поминуваат недели, месеци, години, а некои всушност никогаш не го преболуваат саканиот, но изгубен партнер. На скршените срциња сега им доаѓа крајот, бидејќи австриската фармацевтска група создаде лек против т.н. "романтичен стрес", кој наводно ја олеснува љубовната болка.
Без разлика дали љубовта ви била возвратена или дали вашиот партнер ве измамил или ве напуштил додека вие сте размислувале за заеднички живот, резултатот е секогаш - Скршено срце. Не можеме да спиеме, не можеме нормално да размислуваме, нас се' не' потсетува на дотичната особа. Додека некои за неколку дена губат од нивната телесната тежина, некои други пак тагата ја "лекуваат" преку храна.
Љубовната болка во некои ситуации може да стигне толку далеку што веќе станува збор за "синдром на скршено срце" - промени кои се појавиле во срцевите мускули, што се предизвикуваат под влијание на силен емиционален притисок.
Ако не страдате во голема мерка, болката која ја чувствувате поради невозвратената и трагична љубов, доволно е болна за да може да ви го претвори животот во пекол. А најлошо од сето тоа е дека не постои лек... освен времето, се разбира...
Италијански истражувачки тим од Универзитетот во Павија одлучил да ја тестира улогата на "Amorex" кои се добиваат без рецепт во аптеките. Верувале или не, тие доаѓаат до заклучок дека љубовната болка е излечлива.
Во текот на шесте недели од истражувањето, тимот предводен од д-р Enco Emanuele, на испитаниците кои страдаат од љубовна болка, им давале нов лек кој се базира на природни состојки. Испитаниците на почетокот, во средината и на крајот на истражувањето морале да бидат изложени на психолошки тестирања и анализи на крвта. Сите испитаници покажале забележително подобрување на расположението, па дури и крвните резултати покажале поголем процент на серотонин, односно хормон на среќата.