Откријте ја љубовта преку крвната група

Krvni Grupi

Крвната група ја наследуваме од родителите, силен е генетскиот печат кој го добиваме по раѓањето. Во голема мера тоа влијае на начинот на доживување и исполнување со емоции и претставува слика за тоа како функционираме во љубовните врски. Rom Brafman, американски психолог, детално објаснил какви се желбите и потребите на мажите и жените со различни крвни групи.

0 крвна група

Жени
Од мажите очекуваат да ги направат среќни и да ги задоволат. Најважно им е да им се оствари сонот да бидат сопруга и мајка. Знаат да пружат одлична поддршка на човекот кој го сакаат, па не е чудно што многу често имаат успешен сопруг. Со децата се однесуваат како да се другари, а личните амбиции ги остваруваат преку сопругот и децата.

Мажи
Многу се заинтересирани за да флертуваат, а покрај тоа се и шармантни и жените многу брзо ги забележуваат. Тие се доста несигурни, но само затоа што некои работи многу брзо им стануваат досадни. Во бракот се посветени на семејството, но нивната променлива природа често доаѓа до израз и се спротиставува на препуштањето на секојдневната монотонија

А крвна група

Жени
Во врските се многу демократски настроени, ги почитуваат сите желби и потреби на човекот со кој се заедно. Многу се емотивни, но своите емоции ги откриваат само кога се потполно сигурни дека нема да бидат повредени. Тие се одлични и посветени мајки кои ги поддржуваат своите деца, но се премногу строги и имаат многу барања. Тоа се жени кои многу даваат, но и многу бараат.

Мажи

Тие на прв поглед не изгледаат заинтересирани за женскиот пол. Нивните вредности се дознаваат дури во долгите врски. Тие се потполно посветени на семејството и кога ќе го основаат, тоа станува центар на нивното внимание. Тоа се мажи кои и даваат поддршка на својата сопруга и на децата и со гордост ги истакнуваат сите нивни квалитети.

Б крвна група

Жени
Од партнерот очекуваат постојано да им покажува колку ги сака зашто само така се чувствуваат сигурни и среќни. Бидејќи имаат малку барања, потешко се одлучуваат за да стапат во брак, но кога ќе кажат "да" стануваат целосно посветени на семејството.   

Мажи
Жените ги почитуваат на специфичен начин. Личноста која ќе ја изберат сакаат да ја задоволат на секој можен начин, "се и носат пред нозе", како да е кралица. Меѓутоа, ако покрај себе ја немаат вистинската партнерка, стануваат меланхолични и неспособни да се справат со своите проблеми. Кон децата се строги, но праведни.

АБ крвна група

Жени
Тие сакаат мажи со авантуристички дух. Како мајки, многу се прилаголиви на децата благи се и немаат многу барања. Верни се на партнерот, но не се "оперирани" од флертување.

Мажи
На прв поглед тие се силни, стабилни и упорни. Меѓутоа, под нивната маска е маж кој често не е во состојба да се соочи со проблемите. Нестрплив е и често се расправа, мисли дека секогаш е во право. Стручно се додворува и е голем заводник, отворен и посветен партнер.

Soverseni Parovi

 

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport