
Британските научници откриле дека за жените не постои љубов на прв поглед, но затоа постои на шести. Експертите тврдат дека успеале да го дешифрираат женскиот љубовен механизам. Според истражувањата, кога жената го набљудува мажот, прво нешто што забележува е неговиот изглед, облеката и изразот на лицето. За се тоа и се потребни 45 секунди, односко да го погледне шест пати.
На прв поглед таа ја забележува бојата на очите и изразот на неговото лице, на втор поглед - облеката и колку е уреден, а на трет - косата. Кога ќе го погледне по четвртти пат, забележува дали има бурма или прстен на раката, а петтиот пат веќе знае какви му се обувките. Шестиот пат на жените им е најдраг и служи за да го проучи неговото држење на телото и да му прати невербални сигнали.