
Женскиот оргазам зависи од многу фактори, но тој зависи и од исхраната. Марена Лајнберг е авторка на книгата "The Orgasmic Diet", таа ги советува сите девојки да го одбегнуваат кафето и да конзумираат повеќе маслиново масло доколку сакаат полесно да доживуваат оргазам.
" Диетата која ќе го подобри оргазмот кај жените, се состои од храна која ќе ги доведе во рамнотежа хормоните серотонин и допамин. Тоа значи дека жените ттреба во својот организам повеќе да внесуваат:
Белковини, Цинк и магнезиум (месо, риба, житарици, ораси, алги и чоколадо)" - Марена Лајнберг има напишано во својата книга.
Таа објаснува дека серотонинот доведува до смалување на либидото, а допаминот ја зголемува желбата за секс. Нивната рамнотежа може да се постигне со исхрана која е богата со омега 3 масни киселини.
Жените треба да знаат кои намирници треба да ги исфрлат од исхраната поради нивното лошо делување врз либидото кај жените , а со тоа лошо влијаат и на оргазмот. Жените треба да не конзумираат кафе, алкохол и цигари доколку сакаат сигурен оргазам.
Некои од жените кои веќе ја испробале диетата на Лајнберг кажуваат дека таа е 100% ефикасна, но додаваат и дека белото брашно и шеќерот лошо влијаат на оргазмот.
На сите жени кои што ја држеле "оваа диета" по две недели им се вратила желбата за секс, а оние кои не можеле да постигнат оргазам сега тоа не им е проблем.