
Да ли сме задоволни од сексот бидејќи сме задоволни во врската или сме задоволни од врската бидејќи сме задоволни од сексот?
Најновото истражување докажало дека за една врска да опстане потребно е да има повеќе физички контакти помеѓу партнерите т.е. масажи, држење за рака, мазење, гушкање итн.
Многумина од испитаниците изјавиле дека сексот највеќе им помага за смирување со партнерот после некоја нивна бурна расправија. Брачните партнери изјавиле дека машките се тие кои повеќе иницираат на секс, но некои од нив кажуваат дека женските (не)намерно со нивните движења повикуваат на секс.
Најчести изреки на жените кои што се спремни за секс се "Одам во кревет, ќе ми се придружиш ли". За разлика од таа изрека доколку жената сака да ве одбие најчесто ја користи изреката "Ме боли глава".
Истражувањето исто така докажало дека не е се во галењето, гушкањето, држењето за рака, туку дека сексот е најважниот дел за да успее врската. Кога брачните парови се на почеток од нивниот брак тие почесто имаат секс, но како времето поминува нивната желба за секс се намалува. Откако ќе се намали желбата за секс потребно е барем 1-2 пати неделно да имате секс за да на сцена не настапи неверството.
Доколку сексот ви е досаден тоа е последица на сексуално незадоволство, што е една добра причина за развод. Затоа за да не доаѓа до разводи и неверства експериментирајте во сексот и почесто конзумирајте го.