
Која магична состојка ги прави некои врски да бидат поуспешни од другите врски? Време е да ги научите 7-те навики кои ќе ја подобрат вашата врска.
Со практикување на овие 7 навики ви гарантираме дека вашата врска ќе биде многу поуспешна и посреќна.
1. Меѓусебно прашување за совет.
Кога треба да се донесе некоја одлука како што е: промена на работата, подигање на кредит или преселба, партнерите од среќните парови се консултираат еден со друг.
2. Губат смисла за хумор
Сите парови на почетокот од врската се смеат многу и тоа го прават често. Среќните парови знаат со тек на време да прекинат да се смеат често со тоа што прекинуваат и да се исмеваат меѓусебе.
3. Многу работи прават заедно
Човековата работа ги оделува партнерите еден од друг па затоа може да дојде и до несакани караници, па затоа среќните парови и за тоа нашле "лек" . тие ќе ја искористат секоја прилика за некоја работа да ја завршат заедно. Блискоста која ја градат при работата им помага во одржување на врската и среќата во љубовта.
4. Се расправаат конструктивно
Постојат расправии и Расправии. Не е убаво кога паровите се караат со викање и со кршење или пак со потсетување на некои стари расправии. Среќните парови се караат конструктивно т.е ги изнесуваат своите аргументи, но не го повишуваат тонот ниту за секунда.
5. Не се расправаат за ситници
Доколку мажот и помага на жената во кујната, но не го прави тоа на прав начин жената нема потреба да му се развика, таа треба да му објасни како тоа се прави правилно за другиот пат да знае. Доколку мажот ја остава даската од вц школката крената тоа не го сметајте како лоша навика туку сметајте го како негова навика од која што не може да се одвикне.
6. Мали знаци на внимание
На среќните парови не им е потребно 8-ми март или Валентајн за да си подарат нешто едни на други. Тие тоа го прават барем еднаш месечно.
7. Во добро и зло
Доколку еден од партнерите ја загуби работата или остане без пари, другиот партнер треба секогаш да биде порај него за да може заедно полесно да ја пребродат кризата.