
Оние кои не користат кондом поради тоа што наводно не можат да дојдат до посакувана ерекција при користење на кондом веќе не ќе можат да се вадат на таа изрека.
Британската фармацевтска компанија Futura Medical направи кондом кој содржи гел кој ја забрзува циркулацијата на крвта. Овој кондом се изработува во 3 должини, а на пазарот ќе се појави на крајот од 2011 година. Засега кондомот е испитан на 180 машки испитаници и потврдено е дека кондомот доведува до брза ерекција, па затоа некои од испитаниците изјавиле дека можеби ова е новата вијагра.