
Често сонувате секс? Со познати и непознати личности? Некогаш е чуден, а некогаш е убав? Експертите сега ви објаснуваат што значи секој сон. Секако, веднаш треба да знаете дека тоа што сонувате секс со некој, не значи дека вие тоа навистина го посакувате, туку дека вашиот мозок ги обработува вашите емоции и секојдневни ситуации на ваш малку чуден начин.
Секс со шефот
Не, тоа не значи дека шефот ве привлекува! "Сонот во кој имате секс со вашиот шеф веројатно покажува дека вам ви недостасува вештина во комуникацијата на вашето работно место", експертката за сонови Lauri Quinn Loewenberg истакнува дека морате самите да откриете зошто сонувате некои сонови, односно да ги поврзете со реалниот живот и ситуациите кои ви се случуваат во тој момент.
Секс со поранешната девојка/поранешниот дечко
Ниту овој сон нема директно значење. Овие сонови веројатно покажуваат дека вашиот мозок се обидува да реши некои емоционални проблеми. Може да биде и знак дека вашата сегашна љубовна врска е досадна и дека е време да донесете промени во креветот.
Секс со непозната личност
Ова е чест сон воглавно кај девојките. Покажува дека ви е потребна дополнителна храброст. "Ако добро ги решите животните пробелеми, непознатата личност во вашиот сон и сексот со него се појавува како потврда дека самите сте горди на себе и на тоа како сте ја завршиле работата, поради која добивате награда", вели Lauri.
Геј секс
Тоа незначи дека сигурно сте геј! Мозокот за време на соништата пробува ситуации кои во секојдневниот живот се не вообичаени, па затоа тоа е само една од емоционалните игри. Сепак... можеби сте геј.
Секс со партнерот на вашиот пријател/ка
Не грижете се. Ова се случува бидејќи има нешто на што им завидувате на оваа двојка или пак би сакале вашиот партнер да има некои од тие особини што ги поседува партнерот на вашиот пријател/ка.