
Научниците велат дека најдобар показател дали мажот и се допаѓа на жената е доколку таа ги раширила нозете додека разговара со него. Ако жената ги поместува нозете подалеку од своето тело и ако нозете се раширени, тогаш мажот ја привлекува. Ако ги скрстила нозете тоа не е добар знак.
До овие заклучоци дошол професорот Geoff Beattie, еден од водечките британски психолози. "Додека луѓето се повеќе се свесни за своите експресии кои се појавуваат на нивните лица или кои ги покажуваат со рацете, често не се свесни како се движат нивните нозе и каква порака праќаат", тврди Beattie.
"Ако со некој се сретнувате за прв пат, насмевката на лицето не мора да биде добар знак, луѓето може да ви се смеат на вас или со вас. Ако жената ги поместува своите нозе додека се смее, тоа е еден од најдобрите знакови кои покажуваат дека мажот и се допаѓа. Ако нозете и се скрстени додека се смее - не е добро", заклучува професорот. Ако мажот е нервозен тој почнува да ги поместува нозете, додека пак кај жените е спротивно, тие се мирни.