5 реченици кои можат да ви ја уништат врската

Unistuvanje Vrska

Додека се расправаме можеме да кажеме многу работи кои не ги мислиме, но да го кажеме и тоа за што веќе некое време размислуваме. Некои коментари изговорени во афект брзо ќе бидат заборавени, но некои можат да нанесат штета која ни извинување неможе да ја поправи. Поради тоа важно е и при најголем бес, да се биде присебен и да се бираат зборовите. За на својата врска да не и нанесете непоправлива штета, обидете се да ги избегнете следните пет реченици.


1. Не ти верувам
Овие зборови воглавно ги изговараат жените кои се сомневаат, но можат многу да заболат особено ако мажот е потполно искрен. Многу жени знаат како е да се биде параноичен и да се "удира главата" поради сомневање, кое на крајот ќе излезе дека е производ на самата фантазија, а поради тоа да се избрка добар маж од себе е бесмислено.

2. Сите мажи се исти
Да разјасниме нешто засекогаш: не се сите мажи исти. Само затоа што некој ви го скршил срцето не значи дека некаде не постои маж кој нема тоа да го направи. Ако му го кажете ова на својот партнер сред расправија, може да престане да ве почитува и можете да останете сами поради реченицата во која ни сами не верувате, која е кажана во момент за фрустрација.

3. Не си добар во кревет
Без разлика дали тоа е вистина или не, со кажувањето на оваа реченица на толку груб начин, неповратно ќе го влошите вашиот однос. Мажот на кој ќе му го скршите егото нема да сака повторно да ве види. Можеби самите себе си ќе се прашате што всушност правите со некој кој не е добар во кревет, но сексот не би требало да биде основа за врската. Всушност, за проблемите во спалната соба никогаш не е виновен само едниот партнер. Ако мажот не ве задоволува, ваша должност е тоа да му го кажете на нежен и ненавредлив начин.

4. Мојот поранешен дечко тоа никогаш не би го направил
Споредувањето на сегашното и поранешното момче веднаш води до прекинување на врската. Пред да ја кажете оваа лоша забелешка, сетете се дека со поранешниот сте прекинале поради некоја добра причина и поради тоа неможе да биде толку совршен како што го прикажувате. Прифатете го својот нов дечко онаков каков што е, а не каков што би можело да биде.

5. Твојата мајка секаде мора да се меша
Не е само мит дека свекрвите сакаат да се мешаат во животот на својот син и неговата избраничка. Во некои случаи, за среќа, со тек на време тоа се менува, но некои жени немаат толку голема среќа. Многу мажи се врзани за својата мајка, па ако му кажете дека неговата мајка е давеж, постои опасност тие зборови да му се врежат во сеќавање и никогаш да не ви прости. Едноставно кажете му дека сметате, дека неговата мајка не треба да го знае секој детел од врската и можеби тој ќе сфати дека е подобро некои работи да останат помеѓу вас.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 13 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport