
Жените неможат да и им одолеат на одредени типови на мажи. Можеби оваа топ листа на "неодолливи" ќе ви помогне да сфатите што барате.
СИГУРЕН ВО СЕБЕ
Тој е роден лидер, самоуверен, но не претерано. Не е љубоморен на нејзините колеги или пријатели од детството, бидејќи смета дека никој друг не би можел да влезе во нејзиното срце, освен тој. Жената покрај него секогаш се чувствува сигурно и заштитено.
УМЕТНИЧКА ДУША
Тој е спонтан, опуштен и помалку мистериозен. Својата креативност и телент ги користи да го освои нејзиното срце и во тоа секогаш успева. Мал број од жените можат да одолеат на уметничко дело со некаква посвета! Навистина нема подобар начин за жената да се почувствува единствена.
ДУХОВИТ И ИНТЕЛИГЕНТЕН
Секој разговор со него, па дури во врска со политика е многу интересен. Што е уште поважно, тој умее да ја насмее. Притоа, изгледот воопшто не е пресуден. Доколку успее да ја заинтригира со изборот на тема за разговор и да успее да ги задржи нејзиното почетно внимание, таа самата ќе му се фрли во прегратка.

РОМАНТИЧЕН
Тој често и носи цвеќиња и чоколатца, често ја носи на романтична вечера збогатен со свеќи и секогаш и се јавува на телефон или и праќа слатки и љубовни SMS пораки. Со овие мали знаци на внимание и покажува дека секогаш мисли на еа и ужива кога е во нејзино присуство.
БУНТОВНИК БЕЗ ПРИЧИНА
Има слободен дух, безгрижен и сака опасни авантури во кои со задоволство би ја однел и неа. Ретко, или никогаш, не размислува за последиците од своите постапки и живее од денес за утре. И покрај се', многу жени ги превлекуваат ваков тип на мажи. Имено, секоја од нив се надева дека ќе успее да го "смири", но за жал, ретко се случува тоа.