
Без оглед на тоа што и мажите и жените имаат прилично исто мислење за тоа како да го потпалат изгаснатитот оган во љубовната врска, сепак постојат значајни разлики за тоа како сметаат дека треба да го поминат времето.
Жените се склони да одберат активности во кои активно би се занимавале со својот партнер, како што се готвење, одење на интимна вечера или патување во двојки со многу разговори и доверувања. Мажите ги задоволуваат активности кои нужно не водат до интеракција и приказни како што се гледање телевизија, одење на натпревар или учествување во истиот.
Таа разлика не треба да ве изненади: машкиот и женсиот мозок се создадени на тој начин да имаат различни идеи за како да поминат квалитетно време.
Мажите ги вреднуваат заедничките искуства. Тие немора да разговараат едни со други за да почуствуваат блискост. На пример, два мажи можат цело попладне да го поминат гледајќи телевизија и да не прозборат, но сепак да почуствуваат блискост зашто го споделиле доживувањето.
Можно е тоа да е генетско наследство, веруваат психолозите, уште од времето кога мажите се гриеле позади грмушки за да уловат нешто за јадење. Не може да се седи со некој, да се разговара и во исто време да се заврши некоја работа. Ова може да се објасни со тоа што кога мажите гледаат телевизија, не слушаат и не гледаат ништо освен програмата со која се окупирани. Ако жената сака да им го привлече вниманието мора да најде ефективен начин, а не сечење на каблите.
Тестостеронот е виновен за ова фокусирање на мажите поради кое на женскиот пол понекогаш им изгледа дека се груби и невнимателни. Мажите само дословно извршуваат една по една работа во одредено време и не се способни за извршување на повеќе работи во исто време, тврдат експертите. Извршувањето на повеќе работи е дело на естрогенот - тој остварува поголема врска помеѓу мозочните хемисфери и затоа жените можат да извршуваат повеќе работи или да размислуваат за повеќе проблеми во исто време, полесно да ги предвидат и видат причините и последиците, да мислат долгорочно и да собираат многу податоци кои ги поставуваат во многу сложени обрасци. Затоа на жените им е потрегна поголема интеракција со партнерот, за поминатото време да го сметаат за квалитетно потрошено време.
Разбирањето на разликите помеѓу половите и толеранцијата се клуч за да имате квалитетно време кое ги задоволува и двата партнери. Но пред да го сокриете далечинското и да почнете да планирате одмор, двајцата мора да размислите за тоа кои работи ве интересираат. Дури и двајцата да не уживате во одредена активност во иста мерка, потребно е да направите компромис.