
Новото истражување покажува дека повеќето недоразбирања кои настануваат во спалната соба односно во машко-женските односи всушност има корен од погрешното разбирање на мажите - кога жената ќе каже "не", тоа за нив многу често значи "да".
Погрешната интроспекција на мажите е причина за погрешните случувања во креветот, затоа што мажите многу често не успеваат да ги разберат женските потреби за да успорат или да престанат.
Кога жената ќе каже дека е касно, за мажите тоа значи дека тие сакаат работите да се убрзаат или да се прескокне предиграта. Професорот по комуникација, Мајкл Мотли, тоа го нарекува интроспекција.
Претходните истражувања покажале дека скоро 85% од студентките имале искуство со погрешна интерпретација на нејзиното јасно - не. На тоа се сеќаваат како на непријатна ситуација.
Кога жената ќе каже "ајде да бидеме пријатели", кај мажите тоа може да се сфати како продолжување на дотогашната врска, но и како целосно прекинување на нивниот однос.
Мотли извршил истражување со 30 жени и 60 мажи кои одговарале на прашања со 4 понудени одговори, од кои само еден значел дефинитивно прекинување на врската. Некои од одговорите биле од "ајде да прекинеме со ова" па се до директни пораки дека на девојката и се допаѓа некој друг.
За реченицата "Се гледам со некој друг" понудени биле следните одговори: сакам да продолжам со тебе, но тоа незначи дека целосно сум ти приврзана, сакам да продолжиме но да останеме дискретни така да другото момче не дознае, сакам да продолжиме но треба да бидеш свесен дека ќе ти го направам и на тебе ова што му го правам на сегашниот дечко и несакам да продолжам со него.
На жените им биле понудени одговори и тие морале да се присетат кога последен пат ги употребиле и во која ситуација.