
Возрасните уживаат во магијата на технологијата, посебно во оној дел во кој може технологијата да се искористи за сексуално уживање.
Најновото истражување на магазинот "Playboy", во кое учествувале повеќе од две илјади возрасни луѓе, донело до очекуваните резултати и тоа посебно во погледот на технологијата и сексот.
Имено, на сите ни е јасно дека технологијата во голема мера ја менува човековата сексуалност. Голем број на возрасни луѓе практикуваат така наречен Sexting - праќање на пораки со сексуална содржина и фотографии. Освен тоа, партнерите се почесто заедно гледаат порно филмови - на телевизија или интернет. Исто така, интересно е дека се' повеќе жените гледаат порнографија откако станала достапна и тоа благодарение највеќе на компјутерите, односно интернетот.
Паровите ја користат технологијата за да се снимаат за време на нивниот секс. Тоа може да биде ризично, бидејќи по прекинувањето на врската овие снимки можат да завршат на интернет. Но, за многумина во оваа модерна доба на технологијата снимањето е еден од најомилените начини за предигра.