Жените "паѓаат" на ароганција, мажите на насмевка

Arogant Men

Мажите кои оставаат впечаток на горда, моќна па дури и ароганта личност се повеќе привлечни за жените одколку мажите кои се среќни и насмеани,ваков резултат покажало неодамнешното истражување.

Од друга страна на мажите најмногу им се допаѓаат жените кои оставаат впечаток на личност која е среќна и задоволна од својот живот, а најмалку ги привлекуваат жени кои "пукаат" од самодоверба.

Научниците од Универзитетот Британска Клумбија спровеле истражување за прашања поврзано околу човековата сексуалност. Меѓу другото, се обиделе да утврдат зашто жените неможат да одолеат на "лоши" момци.

Во истражувањето учествувале 1000 испитаници кои ја оценувале личноста од спротивниот пол врз основа на стотина слики на кои се прикажувале различни емоции од среќа до гордост и ароганција.

Резултатите покажале голема разлика помеѓу половите: жените "паѓаат" на ароганција, а мажите на насмевка.

"На жените им се привлечни горди мажи кои имаат помалку и арогантен израз на лицето, бидејќи тоа испраќа порака дека мажот има добар статус во општеството, тоа ги прикажува како доминантни во група, потенцијално добри партнери и добри татковци. Мажите кои се смеат оставаат впечаток на аутсајдери, како на некој начин да признаваат дека не се доминантни, а тоа жените не го сакаат", кажува психологот др. Џесика Трејси која била водач на истражувачкиот тим.

Мажите реагираат потполно на друг начин, нив најмногу ги привлекуваат жени со широка насмевка на лицето.

Сепак, научниците велат дека целта на нивното истражување пред се било испитувањето на човечката сексуалност, така да од испитаниците се очекувало да кажат само кој е нивниот прв впечаток, дали личноста на фотографијата е привлечна или не, ама не и да кажат дали личноста од сликата би била добар партнер за врска.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport