
Пред првиот сексуален однос со новиот партнер, повеќето ќени размислуваат за тоа како тој ќе се покаже во кревет и дали ќе успее да ги исполни нивните очекувања. Погледнете врз основа на што можете да ја предвидите неговата сексуална способност.
Како танцува?
Излезете со новиот партнер во ноќен клуб или на некое друго место каде што ќе можете да танцувате и набљудувајте ги движењата на неговото тело. Ако неговите движења се лесни, во согласност со музиката и се поклопуваат со вашите, најверојатно иста доза на сигурност ќе покаже и во спалната соба. Ако од друга страна, постојано си ги газите стапалата и никако неможете да се усогласите, тоа ја зголемува можноста дека нема да бидете добар пар.
Како зборува?
Гласот, ритамот и начинот на изговарање исто така се многу важни. Мажите кои зборат премногу брзо и неразбирливо се помалку ппосакувани од оние кои се изразуваат умерено и звучат одлично, бидејќи вторите ист ритам и енергија најверојатно ќе покажат и во креветот. Жените обично ги привлекуваат мажи "без влакна на јазикот", бидејќи нивната самодоверба ги поврзува со богато сексуално искуство, но имајте во предвид дека такво настапување може да биде и само маска.
Како се бакнува?
Првиот бакнеж обично означува почеток на врска и претставува основа за се што може да се случи во иднина помеѓу нив. Некои веруваат во тврдењето "како се бакнуваш, така водиш и љубов", па така со анализирање на бакнежот на вашиот партнер можете да пормирате представа за неговото однесување во љубовниот чин. За време на францускиот бакнеж може да се види кој е лидер, а кој ја превзема улогата на следбеник. Исто така можете да утврдите колку партнерот е темпераментен и дали му е важна предиграта.