Мажите со помалку пари се подобри во кревет

Podobrivokrevet

Последното истражување на центарот Pew Research покажало дека мажите со ниски и средни плати се повеќе емоционални, верни и, верувале или не, подобри во кревет.

Ако сте од оние на кои целта им е богато да се омажат, размислете уште еднаш. Имено последното истражување на центарот Pew Research покажало дека мажите со ниски и средни плати се повеќе емоционални, верни и, верувале или не, подобри во кревет. Ексклузивен накит, скапи автомобили, луксуз, патувања..., нормално, врската со личност која има дебел паричник има предност ама и недостатоци.

Главни адути на мажите со помалку пари се среќа, верност и оргазам. Со овој феномен се занимавал и професорот од универзитетот Chicago Northwestern  Адам Галински кој заклучил дека жените ќе бидат повеќе среќни со "сиромашни" мажи бидејќи тие се помалку лицемерни од богаташите. Мажите со средни плати се пољубезни кога запознаваат нови луѓе отколку богатите мажи, пишува часописот Psychological Science.

Кога авторите на студијата го споредиле снаоѓањето на богатите и посиромашните мажи кога запознаваат нови луѓе, приметиле дека посиромашната група често како средство ја користи насмевката, контакт со очи и повеќе разговарала. Од друга страна, групата со подобри примања доаѓала во пакет со грубо и арогантно однесување и често поправање на косата. Мажите со слаби примања повеќе се ангажираат социјално бидејќи на тој начин се обидуваат да успеат, додека луѓето со подобар статус веќе ја постигнале својата цел и често мислат дека не им требаат нови познаства.

Студијата пак објавена во списанието Jurnal of Applied Psychology  тврди дека поуспешните мажи се склони кон сексистичко однесување. Помалку успешните мажи во голема мера ја подржуваат кариерата на своите партнерки. Така да,  ако им се верува на научниците, тогаш, дебелиот паричник и среќата се на дијаметрално спротивни страни.

 

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport