
Навлегувањето во машкиот мозок може да биде подеднакво тешко, како и најтешката физичка работа. Жените се подготвени да применуваат различни тактики, па дури и со итрини се обидуваат да сфатат што се случува во главата на нивниот партнер, а секако наједноставен и најдобар начин е да прашаат.
Следните дванаесет прашања секоја жена треба да му ги постави на мажот на почетокот на врската, а некои уште и во фазата на заведување и додворување. Некои одговори можеби нема да ви се допаднат, но сепак подобро е вистината да ја дознаете додека не сте развиле длабоки чувства.
1. Кои се твоите лични цели?
Треба да прифатите дека сите цели не ве вклучуваат и вас. Всушност некои од целите настанале уште пред да се појавите во неговиот живот.
2. Какво детство си имал?
Познавајќи го начинот на кој пораснал подобро ќе ја разберете неговата способност и зашто е таков каков што е.
3. Што те прави несигурен?
Подобро е да знаете што го прави несигурен порано, отколку кога тоа ќе излезе на виделина. На тој начин нема да бидете збунети туку ќе знаете во критичен момент да се справите со него.
4. Кои се твоите професионални цели?
Поради иднината на врската, добро е да знаете дали планира да се пресери поради кариерата и дали поминува многу време на работа.
5. Што очекуваш од љубовната врска?
Секој нема исти очекувања од врската. Тоа е добро да се разјасни на почетокот и да знаете што за него значи љубовната врска.
6. Што сакаш од животот?
Ова прашање го соединува сето тоа што тој планира да го постигне во животот, вклучувајки ја и кариерата, семејството, финансиите итн.
7. Што неможеш да поднесеш?
Многу врски завршуваат бидејќи жените незнаат што прават неправилно и никогаш не дознаваат што е тоа што најмногу го нервира нејзиниот партнер.
8. Дали сакаш деца?
Некои двојки никогаш не зборуваат за тоа, па кога еден од нив ќе каже дека сакал да има деца, станува шокиран и скршен знаејќи дека другиот никогаш не сакал да има деца.
9. Какви ти биле минатите врски?
Добро е да се знае дали мажот кој ви се допаѓа сеуште не ја преболел поранешната девојка, дали има дете од поранешната врска, дали е верен итн.
10. Какви се твоите погледи кон духовноста?
Важно е да се знае дали парнерот е религиозен и во што верува и дали може да ги прифати вашите верувања.
11. Што очекуваш од својата партнерка?
Што сака од вас? Што треба? Што му е најважно да добие од жената?...
12. Какво е твоето семејство и пријателите?
Кои се тие, какви се, што работат, какви им се меѓусебните односи? Наједноставно, дознајте се за неговото семејство и пријатели.