
Знаете кои допири го возбудуваат вашето момче, но дали сте сигурни дека сте ги пронашле најосетливите делови од неговото тело?
Експертите тврдат дека ги има многу, а еве неколку од нив кои можеби сеуште не сте ги милувале кај својот сакан.
1. Стапала
Натерајте го да ги соблече чорапите, земете лосион и почнете да го масирате. Изгледа дека дека машките уживаат во масажата на стапалата, а во однос на рефлексологијата, треба посебно внимание да им посветите на петите, бидејќи се сметаат за точки кои го распалуваат сексуалното возбудување.
Ако масажата ја збогатите со загреано масло и неговите стапала да ги милувате со вашите гради, тогаш тој потполно ќе изгуби контрола.
2. Уши
Многу машки сакаат кога им ги допирате ушите. Тоа е често неправедно запоставувано место, кое може да го релаксира и да го возбуди.
Само притисните го со палецот и показалецот местото каде што ушната школка се спојува со лицето. Потоа нежно повлечете надолу и пуштете ги прстите да се лизгаат. Повторете ја таа постапка.
3. Местото позади колената
Тоа е прилично скокотливо место, но во шарот на борбата, може да се претвори во моќна ерогена зона. Овде кожата е мека, па затоа многу машки уживаат кога ги бакнувате и милувате на тоа место.
До оргазам се стигнува постепено и тој всушност ослободува сексуална напнатост. Тоа значи дека што повеќе можете да изградите возбудување, крајот ќе биде многу експлозивен. Затоа трудете се со кружни движења нежно да го милувате ова место. Ќе биде воодушевен!
4. Долен дел од стомакот
Почнете од папокот и лизгајте ги рацете кон "југот". Тука се наоѓаат комбинации на крвните садови, кои водат до пенисот и поради тоа во оваа област се насобира сексуалната енергија.
Кога ќе стигнете точно до "критичната точка", повторно вратете се на папокот, а од оваа игра неговата сексуална желба ќе се рашири по неговото цело тело.
5. Внатрешен дел од бутните мускули
За неговите бутни мускули мислите како да се декоративна хартија на некој подарок. Допирањето на овој дел може многу брзо да го "расположи".
Еве како: Лесно движете ги прстите горе-долу по внатрешната страна на неговите бутни мускули. Потоа предизвикувајте го со допирање по препоните со показалецот, а потоа до дланките притиснете горниот внатрешен дел од бутниот мускул и повторно се' од почеток.
6. Разум
Шепнете му нешто секси. Разумот е моќна ерогена зона за машките, а неодамнешното истражување покажува дека сексуалното возбудување произлегува точно од централниот нервен ситем. Кога неговиот разум ќе се возбуди, телото сигурно ќе го следи тоа.
7. Очни капаци
Кога очите му се затворени, бакнувајте ги или милувајте ги што повеќе нежно неговите капаци. Освен што е тоа нежна размена на чувства, можно е тој многу брзо да се возбуди. Имено, ако очите му се затворени, тоа значи дека вам ви е предава целата контрола, што е за машките исклучително возбудливо.
8. Врат
Со помош на некое пердувче или со прстите нежно допирајте му го вратот и делот околу клучните коски. Бидете креативни и комбинирајте допирање со ушите, па допирање со вратот, прстите или некои меки предмети.
9. Чело
Иако челото можеби не наликува како "точка на топење", обидете се да го вклучите во мапата на неговите ерогени зони. Главата и скалпот се, имено, преполни со нервни завршетоци, па со помош на блага масажа може да ги поттикне допаминот и серотонинот, кои многу брзо ќе ја разгорат страста.